Aleksandar

Александар Македонски во Стариот Завет

Битие 10:2

Синовите на Јафета се: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Елиса, Тувал, Месех и Тирас.

1 Летописи 1:5

Синови Јафетови: Гамер, Магог, Мадај, Јаван, Елиса, Товел, Мосох и Тирас.

1 Макавејска 1

Александар Македонски

1 Александар Македонски, синот на Филип, кој тогаш веќе ја беше за­владеал Елада, излезе од земјата Ки­тим, го победи Дариј, персискиот и мидискиот цар и се зацари место него. 2Тој водеше многу војни, презеде многу утврдени места и порази многу цареви. 3Дојде до крајот на земјата и ограби многу народи; целата земја молкна пред него, а тој се издигна и срцето негово се возгордеа. 4Тој собра многу силна војска, и за­владеа над многу краишта, народи и владетели и тие му станаа негови пода­ници. 5Најпосле падна во постела, и откако почувствува дека ќе умре, 6ги повика своите доверливи, кои заедно со него се беа воспитувале во младоста, и додека уште беше жив, им го раздели царството. 7И така, откако царуваше дванаесет години, Александар умре; 8а неговите великодостојници владеаја секој во својата област. 9По неговата смрт сите тие се заца­ри­ја, ставија круни на своите глави, а по нив и нивните синови во тек на многу години, и злото го умножија на земјата.

1 Макавејска 10

15Царот Александар слушна за ветувањето што му го испрати Димитриј на Јонатан, а му раскажаа и за војните и храбрите подвизи, извршени од него и од неговите браќа, како и за маките што ги претрпеле. 16Тогаш беше рекол: „Ќе најдеме ли некој друг човек како што е тој? Да го направиме наш пријател и сојузник!“ 17Тој му напиша и му испрати писмо со овие зборови: 18„Царот Александар до братот Јо­на­тан – поздрав. 19Слушнавме за тебе дека си храбар и силен човек и дека си достоен за да бидеш наш пријател. 20И така, те поставуваме за прво­свеш­теник на твојот народ; ќе се наре­куваш пријател на царот, (а му испрати царска облека и златна круна), да при­стапиш кон нас и да бидеш на наша страна, да го пазиш нашето пријател­ство.“ 21Јонатан ја облече свештеничката облека во седмиот месец, во сто и ше­есеттата година, на празникот Сеници, собра војска и приготви многу оружје.

Александар и Роксана

1 Макавејска 10:48

Царот Александар собра голема војска и појде против Димитриј.

1 Макавејска 11:39

Трифон, еден од претходните при­вр­заници на Александар, откако виде дека војските се бунтуваат против Ди­митриј, отиде кај Ималикуј Араб­ја­не­цот, кој го воспитуваше Антиох, мало­лет­ниот син на Александар,

Македонско Сонце

1 Макавејска 10:51

Потоа Александар испрати свои пратеници кај Птоломеј, египетскиот цар, со следниве зборови:

1 Макавејска 10:88

Кога Царот Александар слушна за тие настани, тој одново му искажа почести.

1 Макавејска 11:16

Александар избега во Арабија за да се сокрие таму, а Птоломеј се радуваше.

Даниел 8:20-23

Овенот што го виде – неговите два рога – тоа се мидискиот цар и перси­ски­от.

‘А косестиот козел е царот на ЈАВАН, додека големиот рог што се наоѓа меѓу неговите очи, тој е нејзиниот прв цар: тој е здробен и место него излегоа други четири: тоа се четирите царства што ќе се издигнат од тој народ, но не со негова сила. А кон крајот на царството нивно кога отстапниците ќе ја исполнат мерката на своите беззаконија, ќе се издигне еден цар бесрамен и искусен во сплеткарење; ‘

Даниел 10:20-21

‘И тој ми рече: „Знаеш ли зошто дојдов кај тебе? сега ќе се вратам за да се борам со персискиот кнез; а штом ќе завршам, ќе дојде кнезот на Јаван. Но јас ќе ти соопштам што е на­пи­шано во вистинското писмо; и нема ни­кој друг, што ќе ми помогне во тоа, ос­вен Михаил, вашиот кнез.“’

Даниел 11:1-5

‘„И така, од првата година на Мидиецот Дариј јас му станав по­мошник и поткрепа. Сега ќе ти ја кажам вистината: еве, уште тројца цареви ќе се издигнат во Персија; потоа четвртиот ќе ги надмине сите со големо богатство, и кога ќе го намножи богатството свое, ќе ги крене сите против царството на Јаван. Потоа ќе се појави силен цар, кој ќе владее со голема власт и ќе дејствува според својата волја . Но, кога ќе се издигне тој, царството негово ќе се сруши и ќе се раздели на четири делови и нема да помине на неговите потомци, и не со таква власт, со која тој господареше; затоа што цар­ството негово ќе се растури и ќе падне на други, а не на нив. И јужниот цар ќе се засили, и еден од кнезовите негови ќе стане посилен од него и ќе владее, и власта негова ќе биде голема.

Македонското сонце има 16 краци кои ги означува 16те племиња од Македонија.

Адриани,Пердикеанци,Линкестијци,Пеонци,Одрисеанци,Моесианци,Пелагонци,Алмопијанци,Елиметејанц, Халкидијци, Пелагонци, Илири, Мелесијанци(Епирци), Тракијаци, Дардани и Трибалци